Ретки се пушачите кои барем десет пати во животот не си ветиле дека „од утре“ не пушат.
Но ништо не помогнало, иако макотрпно се обидувале и користеле разни фармацевтски прпарати за лекување на една од најтешките болести на зависност – пушењето.
Гастроентеролог од Русија ги советува пациентите за одвикнување од пушење да користат едноставен, но многу делотворен стар руски чај.
Земете малку иситнети сушени ливчиња од тегавец, ставете ги во тегла и прелијте ги со половина литар зовриена вода. Поклопете го садот и оставете го да отстои два часа. Во текот на денот треба да се испие целата тегла. Така треба секој ден да се подготвува и пие овој чај во период од три месеци.
Обидете се и ќе бидете пријатно изненадени кога ќе ја изгубите желбата за да запалите цигара.