сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Стравовите ве откриваат: Какви сте како личност според тоа од што се плашите?

Стравовите ве откриваат: Какви сте како личност според тоа од што се плашите?

Не е лесно да живеете со фобии. Тие не се појавуваат без причина, а многу влијаат на нашата личност и приоритети во животот. Експертите го објаснуваат значењето на некои од најчестите појави.

Страв од висина

Тоа покажува дека имате силна свест за себе, а тоа што се плашите дека сте одделени од Земјата зборува дека во животот цврсто стоите на земја, реални сте.

„Чувствуваме страв кога ќе го загубиме најосновниот начин на контрола на чувствата на кои им пристапуваме на она што не интересира и се оддалечуваме од она што не плаши“, објаснува „Psychology Today“.

Страв од мрак

Тоа покажува дека сте креативни. Според пишувањето на „Medical Dаily“ научниците веруваат дека произлегува од генетскиот код кој  е присутен кај нас и некогаш одамна не присилувал да ги избегнуваме ноќните грабливци.

Трајниот страв од мрак е поврзан и со страв од непознато. Како прво, темнината го попречува нашиот вид, а тоа ја попречува и способноста за разбирање, темнината заслепува едно од нашите најважни сетила.

Луѓето кои страдаат од никтофобија создаваат некои слики од она што го гледаат или не го гледаат.

Ако сте меѓу нив, тоа покажува дека имате премногу активна фантазија, односно вашиот мозок создава слики, иако пред вас ништо не гледа.

Страв од пајаци

Ова покажува дека сте лидер. Овој вид на страв е еден од најчестите.

Според истражување спроведено во Велика Британија, од 261 испитани постари лица, 32 отсто од жените се изјасниле дека имаат страв од пајаци, како и 18 отсто од мажите.

Страв од змии

Овие луѓе често се заземаат за другите. Токму тоа го покажува вашиот страв од змии, кога проработува вашиот заштитнички инстинкт.

Страв од крв

Ова значи дека сте мирни и прибрани. Кај луѓето кои страдаат од хемофобија срцето започнува забрзано да чука кога ќе здогледаат крв или отворена рана.

„Тоа покажува дека имате силен заштитнички инстинкт и обично сте мирни и прибрани во својата заедница“, објаснува доктор Џордан Ганс, невролог.