вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Студија која ги изненади докторите: Лицата со прекумерна тежина живеат посреќен живот

Студија која ги изненади докторите: Лицата со прекумерна тежина живеат посреќен живот

Лицата со прекумерна тежина се посреќни, покажува најновата студија.

Вишокот килограми е често поврзан со поголемиот здравствен ризик, вклучувајќи срцеви проблеми, дијабетес и инфаркт. Меѓутоа, новата студија покажува дека лицата со вишокот килограми живеат среќно.

Истражувањето кое е објавено во списанието “International Journal of Epidemiology” било спроведено од група научници од универзитетот Бристол на чело со Луис Милард и Џорџ Дејв Смит.

Во текот на истражувањето, тие дошле до заклучок за поврзаноста на индексот на телесната маса со здравствената состојба на испитаниците што е познато од претходно. Тоа подразбира висок крвен притисок, дијабетес и минување низ пубертет во раните години од животот.

Но, исто така тие откриле дека лицата со вишок килограми имаат помирна состојба на умот, многу повеќе од очекуваното.

“На пример, испитаниците со поголем индекс на телесна маса се помалку доживувани како нервозни личности и општо, тие помалку се вознемируваат”.

Даша Николс, шеф на одделот за пореметувања во исхраната на Институтот за психијатрија истакнала дека начинот на исхрана може да влијае врз нивното ментално здравје.