Модната куќа „Гучи“ е пред задача да избере нов топдизајнер, по ненадејното заминување на Алесандро Микеле, кој беше миленик на Харти Стајлс и Лејди Гага. Се очекува растот на приходите да забави.
Алесандро Микеле беше креативен директор на брендот седум години. Според западните медиуми, тензијата меѓу Микеле и раководството на компанијата-сопственичка на брендот, „Керинг груп“, била голема. Познавачите сметаат дека недостатокот на топдизајнер, создава вакуум што брендот мора брзо да го пополни.
„Ова покренува некои прашања за насоката и развојот на брендот наредниве месеци“, „Заминувањето на Микеле е повеќе од само пензионирање на еден од легендарните дизајнери во последната деценија. Следниот чекор ќе биде уште покомплициран“ – гласи дел од коментарите на познавачите.
Акциите на „Керинг“ вредат повеќе од 66 милијарди евра. Oваа година нивната вредност падна за четвртина.
Првите хит-производи нa Микеле (49), беа кожните мокасини брендирани со препознатливата коњска узда на „Гучи“, на пр., со цена од 1.000 американски долари. Чантата „Дионис“ (Dionysus) со синџир и две тигарски глави почна со 900 долари за минимодел.
– Со оглед на естетиката на Микеле и идентитетот на брендот на „Гучи“, репозиционирањето може да биде повеќе револуција отколку еволуција, смета Кјара Батистини од списанието „Џеј-Пи Морган“ (JP Morgan).
И според неа, тоа може да доведе до период на релативен пад – оперативен и финансиски.