петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Тајната на руските убавици: Водка – тоник за лице

Тајната на руските убавици: Водка – тоник за лице

Доколку имате проблеми со мрсна кожа можете да ги решите со помош на овој трик. Станува збор за тоник од водка кој лесно ќе го направите во домашни услови.

Овој пијалок е одличен за дезинфекција на лицето, а добар е и за намалување на порите, па во комбинација со одлични состојки е супер ефикасно сретство за чистење на лицето.

Потребно ви е:

Пластично шише со распрскувач

Дестилирана вода

Водка

Гранче рузмарин

Во шишето наполнете дестилирана вода, додадете малку водка, ставете го и гранчето рузмарин, измешајте и оставете да отстои неколку часови.

Тоникот се чува во фрижидер, се нанесува наутро и навечер после чистење на лицето со млеко и пред нанесување крем, дневен или ноќен.

Не се нанесува на очи!