понеделник, 15. јануари 2024. Вести денес: 0
home Живот и стил

Тешко ви е да се разбудите и расоните? Овие работи ќе ви помогнат!

Тешко ви е да се разбудите и расоните? Овие работи ќе ви помогнат!

И пет аларми наутро нема да ви се доволни да ве натераат да станете од креветот. Станувањето е бавно и заморно. Будењето? Уште потешко!

За таа цел одлучивме да ви кажеме што да јадете и да пиете за да се разбудите полесно.

Зелен чај

Доколку го стартувате денот со ударна доза кафе, како ништо може да се предозирате. А тоа пак може да ви создаде немир и нервоза. Од друга страна зелениот чај со парче лимон е идеален стимулирачки и закрепнувачки пијалок за будење.

Банани

Овој егзотичен плод ја содржи аминокиселината триптофан, која го снабдува организмот со енергија. Затоа бананите се препорачуваат за појадок и како ужинка.

Грозје и женшен

15 минути пред појадокот можете да испиете една чаша сок од грозје со неколку капки тинктура од женшен. Оваа комбинација дејствува чудотворно! Тоа ќе ве натера да “вриете” од енергија, ќе го засили вашиот имунитет и ќе ви помогне да се справите со стресот во секојдневниот живот.

Сушено овошје

Сушеното овошје ја подобрува вашата кондиција, ја стимулира активноста на мозокот и помага да се справите со менталното оптоварување во текот на денот.

Чоколадо

И, највкусното искушение го оставивме за крај. Наутро, слатките работи се дозволени. Тие ќе ви дадат многу, многу енергија.