недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Тинејџер станал бездомник откако бил исфрлен од дома токму на 18. роденден

Тинејџер станал бездомник откако бил исфрлен од дома токму на 18. роденден

Неименуван Американец-тинејџер е новиот миленик на интернет, откако раскажа како од неодамна живее на улица. Имено, тој бил исфрлен од страна на неговата мајка, на својот 18-ти роденден.

Видеоснимката со момчето кое ја споделува својата приказна на Тикток-страницата @homesforhomeless, ги погоди гледачите и тие општо ја осудуваат мајка му и сите други престроги родители кои настојуваат нивното дете да го напушти својот дом откако ќе наполни 18 години. Според неговите кажувања, татко му е починат.

– Мајка ми, во основа, ми рече – кога ќе наполниш 18 години, ќе бидеш сам… Така, откако ме избрка, сега сум во Солт Лејк Сити и постојано барам место за да преноќам, пред да најдам начин да се вратам во Калифорнија, раскажува тинејџерот.

Прашан колку долго е на улица, тинејџерот појаснува дека всушност ова е неговиот прв ден како бездомник, што воедно е и неговиот 18-ти роденден. Тој додава и дека мора да се врати во Калифорнија бидејќи ќе треба да ја заврши последната година од средното училиште. Снимателот го прашува и кои се неговите три желби?

– Татко ми да е сè уште жив, да ги видам моите сестри и да се вратам дома, кусо одговори момчето.

Со оглед на растот на цените на становите и наемот, инфлацијата и влошената достапност до работни места, 18-годишниците во САД речиси и да немаат можности финансиски да се издржуваат без никаква помош од нивните семејства, истакнуваат познавачите. Исто така, факт е дека на новопечените возрасни лица сè уште им е потребна емоционална и психолошка поддршка од нивните родители. Преминот во зрелоста може да биде предизвик сам по себе, па стабилната и поддржувачка семејна средина е неопходна во секој поглед.

Отфрлањето од безбедно засолниште, очекувано, води и до чувство на напуштеност кај младиот човек и негативно влијае на односот родител-дете.