19-годишно момче почина во Холандија поради интоксикација со дезодоранс. Тој вдишувал спреј за да постигне состојба на опиеност. Холандските лекари, кои се обидоа да го спасат животот на младиот човек, ја предупредуваат јавноста за фаталните последици од вдишувањето хемикалии.
Таквите случаи се многу ретки, вели д-р Келвин Харви Крамп од одделението за интензивна нега во болницата во Ротердам, па додаде: „Од тоа ретко се умира, многумина не се ни свесни за тоа колку е штетно и опасно да се вдишуваат дезодоранси или други хемикалии“.
Младиот човек имал историја на употреба на опојни средства. Тој претходно бил во центар за рехабилитација поради зависност од канабис, кетамини и антипсихотични лекови. Момчето го напуштило центарот, но во јули оваа година повторно потклекнал. Тој ставил крпа врз главата и го вдишувал дезодорансот од спрејот за да постигне состојба на опиеност, се вели во медицинското списание BMJ.
Тој станал хиперактивен и скокал нагоре-надолу и набргу доживеал срцев удар и колапс, се вели во извештајот. Беше примен во болница и ставен во медицински индуцирана кома, но лекарите не успеаја да го спасат неговиот живот. Починал девет дена по добивањето единица за интензивна нега.