На почетокот на новиот милениум, Далај Лама објавил осумнаесет правила за просперитетен и среќен живот, што сите луѓе со добра волја, без оглед на религијата или политичката припадност, можат да ги применат во нивниот секојдневен живот.
Доколку ги почитувате овие правила ќе научите како да ги пронајдете мирот и среќата во себе:
Имајте на ум дека голема љубов и голем успех нужно вклучуваат голем ризик.
Во животот не можете да победите секој пат, но многу е важно да научите лекција за поразот.
Следете го правилото на „3П“: Почитувајте се себеси, почитувајте ги другите, преземете одговорност за вашите постапки.
Понекогаш најдоброто нешто што може да ви се случи е да не го добиете она што го сакате.
Научете ги правилата добро за да знаете како добро да ги кршите.
Не дозволувајте малите несогласувања да го повредат големото пријателство.
Кога ќе сфатите дека не сте во право, сторете сè што можете да ја исправите грешката.
Одвојте барем малку време секој ден за да бидете со себе.
Не плашете се да пробате нешто ново, но не ги напуштајте вашите вредности.
Тишината понекогаш е најгласниот одговор.
Живеј добар и чесен живот. На тој начин, кога ќе остариш и ќе започнеш да размислуваш за својот живот, ќе можеш да уживаш во него по втор пат.
Атмосфера полна со љубов во вашиот дом е темел на вашиот живот.