Тоник за коса од ѓумбир е многу силен производ, кој се нанесува директно на коренот на косата. Можете да го втриете пред миење или да го оставите да се исуши без да го исплакнете. Сигурно ќе има подобар ефект доколку е подолго на косата.
Измијте неколку корени од ѓумбир и изблендирајте ги што е можно поситно. Добиената паста процедете ја низ крпа и ќе добиете чист сок од ѓумбир. Ако имате соковник, тој што сам го цеди сокот, ставете ги корените во него. Така ќе добиете најмногу сок.
Овој тоник не се чува долго време, најмногу 7 дена на студено место. Откако ќе го искористите, повторно направете доколку ви одговара.
Не се додава ништо, само втријте го во скалпот. Можно е да почувствувате пецкање, но тоа е во ред. Тоникот делува на циркулацијата на крвта. Резултатите за раст ќе бидат одлични.