сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Живот и стил

ТОП 10 ЛИСТА: Ова се најубавите градови во светот (ФОТО)

ТОП 10 ЛИСТА: Ова се најубавите градови во светот (ФОТО)

Порталот „Харперс базар“ објави листа на 10 најубави градови во светот. Еве како таа изгледа:

Фиренца, Италија

Додека Рим ја има титулата „најстар град во Италија“, Фиренца го има пламенот на чиста италијанска убавина. Освен Фирентинската катедрала, којашто е своевиден заштитен знак на градот, она што мора да се посети се галериите и музеите со дела на светски познати автори.

Санкт Петербург, Русија

Рускиот „Париз на Истокот“ е основан од царот Петар Велики во 18. век. Неговата убавина лежи во многуте дискретни острови, прекрасната авенија „Невски“, царските кули на Ермитаж – музеј кој содржи толку многу уметнички дела што можете да го поминете целиот живот шетајќи низ неговите сали и никогаш да не погледнете сè.

Чарлстон, Јужна Каролина, САД

Тука за посетителите, неизбежни се „Батери авенијата“ и улицата „Калмерс“ со калдрма и бермудски варовник. Бујниот живот постојано создава потреба од отворање сè повеќе барови, хотели и „јужњачки“ ресторани.

Кејп Таун, Јужна Африка

Овој приморски град, засенет од планината Тејбл и познат по бројните пингвини на плажите, 2014 година е прогласен за светска престолнина на дизајнот, како спој од природна убавина и човечка креативност.

Бриж, Белгија

Мрежата од канали и главниот плоштад во барок стил, го прават градот популарен кај туристите.

Следат:

Единбург, Обединетото Кралство

Џаипур, Индија

Кјото, Јапонија

Шефшавен, Мароко

Квинстаун, Нов Зеланд.