На едно логичко прашање кое голем број од светските компании им го поставуваат на своите потенцијални вработени на интервју за работа, ретко кој може да го даде вистинскиот одговор.
Сепак, еден кандидат успеа да го реши и го сподели своето искуство на социјалните мрежи. Самиот одговор на прашањето е во филмот “16 блокови“, а го дава лично актерот Брус Вилис од каде големите компании го преземале со цел да им го поставуваат на своите потенцијални вработени на интервјуто за вработување.
Еве го сведоштвото:
Неодамна ми поставија многу интересно прашање на разговор за работа и од тогаш размислувам за тоа.
“Се возиш со автомобил при големо невреме. Поминуваш низ автобуската постројка и гледаш тројца луѓе како чекаат автобус. Првата личност е совршената девојка, другата е твој пријател кој неодамна ти го спасил животот и третата е осамена старица која изгледа дека е болна. Кога би имал само едно седиште во својот автомобил, на кого би му понудил да го одвезеш?“ – вели момчето кое на крајот ја добило работата.
Ајде да размислиме за ова прашање. Ова е класична морална дилема. Дали да и се помогне на старата баба бидејќи е во критична состојба? Дали би му обезбедиле превоз на вашиот пријател кој еднаш ви го спасил животот? Било кој од овие избори ти укажуваат дека ќе ја испуштиш жената на својот живот.
Младото момче кое одговорило точно на ова прашање е избрано помеѓу 200 пријавени кандидати за работа. Дали одговорот го измислил сам или пак го гледал филмот е се уште непознато.
„Би му ги дал клучевите на мојот пријател да ја одвезе старата баба во болница, а јас би останал на автобуската станица да чекам автобус со жената од соништата“.
Неговиот одговор е најдобар доказ дека секогаш треба да размислуваме “надвор од кутијата“.