Постои начин засекогаш да се ослободите од непријатните мириси кои ги предизвикува потењето, така што ќе ја третирате причината, а не последицата.
Претераното потење е нешто што навистина може да ве доведе до непријатна ситуација. Без оглед на тоа што имате одлични навики кога е хигиената во прашање, барем еднаш сигурно сте се запрашале како е можно потта да се чувствува само неколку часа по капењето.
Одговорот на ова прашање го дадоа научниците, кои тврдат дека најголемиот виновник е вашата исхрана и почестото туширање нема да помогне да ги спречите непријатните мириси на вашето тело.
„Запрашајте се дали пиете повеќе кафе, отколку вода, а доколку вашиот одговор е потврден, време е веднаш да ги промените лошите навики“ – предупредува д-р Јамуна Паи.
Таа потсетува на нешто што веќе сигурно го знаете, дека потта сама по себе не мириса, туку за непријатниот мирис се „виновни“ бактериите, кои се наоѓаат на кожата и кои се одлична основа за развојот на комбинацијата од пот и мртви клетки.
Под пот се подразбира солена, проѕирна течност, која ја проиведуваат и лачат потни жлезди, со што се исполнува важната телесна функција за ладење на нашето тело.
За да бидете успешни во лекувањето на потните жлезди, Паи советува да се храните здраво и балансирано.
Избегнувајте кунзумирање на кромид и лук, а својата исхрана збогатете ја со овошје и зеленчук, а притоа внимавајте на адекватното внесување на протеини, интегрални житарки и додатоци како што се комплексот витамини Б и цинк со конзумирање на многу вода во текот на денот.
Надворешно, антиперспирантите можат да дадат најголема помош благодарение на нивната главна состојка, која се базира на алуминиумски соли.