среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Три модели на костими за капење кои се популарни оваа сезона

Три модели на костими за капење кои се популарни оваа сезона

Вашиот одмор се ближи, а се уште не сте одбрале костим за капење. Следејќи ги познатите дами, светките медиуми избраа три костими за капење кои се популарни оваа сезона.

1. Бело дводелно бикини

Белиот костим за капење може совршено да го истакне вашиот исончан тен. Овој модел има корпи од школки кои совршено се вклопуваат во морската атмосфера. Практичната работа е што двата дела може да се прилагодат со сатенски ленти.

2. Класично црно бикини

Едноставно, нема ништо лошо, како мал црн фустан, црното бикини е нешто што е навистина безвременско, без разлика на актуелните модни трендови, тоа никогаш не излегува од мода. Можете да го комплетирате со ефективен накит, очила или дури и марама, едноставно се комбинира со се!

3. Асиметричен длабок дводелен костим за капење

Овој модел не е за секого, но ако сакате да си играте со кроеви и бои, тогаш ова е оној за вас! Горниот дел се состои од асиметрична страна со едно рамо и навистина привлекува внимание. Долниот дел има подлабок струк и одлично го истакнува додека ги покрива недостатоците на колковите.