Тесла бил еден од најголемите генијалци, а што придонело за тоа? Постојат ли трикови кои овој иноватор ги применувал и можеме ли и ние да ги применуваме за да бидеме поуспешни?
Тој е познат затоа што го измислил електричниот состав на наизменична струја, а неговото име стои на 300 изуми. Тесла цел живот работел на проекти и ги реализирал до крај. Страницата lifehacker.com направи листа на навики со кои Тесла станал неприкосновен иноватор.
*Тој спиел само по 2 часа.
*Тесла ги визуелизирал работите пред да ги осмисли и да ги конструира. За креативно размислување потребно е да се опуштите и да поработите на проблемот во својата глава.
*Тесла самиот објаснувал дека не брза кога работи. Ако шетате тоа ќе влијае на вашата креативност.
Во 1881 година тој се преселил во Будимпешта по една животна промена и додека шетал во парк и рецитирал поезија, му текнало за струјата. Како и многу други иноватори, и Тесла вели дека треба да се осамите кога сакате да творите.