Со почетокот на топлото време, започнува и сезоната на комарците и другите слични инсекти. Овој трик ќе ви помогне многу лесно да се ослободите од досадното чешање предизвикано од убодот на инсектите.
За овој трик ви е потребна една метална лажица и топла вода. Ставете ја лажицата под млаз со жешка вода, околу една минута, па потоа притиснете директно врз местото каде што сте каснати од инсект. Држете ја лажицата притисната неколку минути и откако ќе ја тргнете чешањето ќе прекине засекогаш.
Кога ќе ве касне комарец, тој остава протеин под кожата за да го спречи засирувањето на крвта на местото на убодот.
Протеинот е тој што ве тера да го чешате местото, но тој не може да ја издржи топлината која ќе ја пренесе жешката лажица, па токму затоа и престанува чешањето.
Црвенилото и подуеното место може ќе потраат уште некој ден, но иритирачкото чешање ќе го снема засекогаш.