Нашето тело има потреба од различни нутриенти, вклучувајќи ги и витамините за да функционира правилно. Поради тоа што човечкото тело не може само по себе да создава витамини, тие мора да се внесуваат преку храната.
Постојат два вида на витамини, витамини растворливи во вода и витамини растворливи во масти поради тоа што различно се раствораат. Без разлика на тоа како индивидуалните витамини се раствораат, сите тие имаат важни функции во телото.
Енергија
Витамините му помагаат на телото да произведува и да користи енергија. Витамините од Б групата помагаат во метаболирањето на карбохидратите, протеините и мастите, како и во претворањето на шеќерите во енергија која што телото може да ја користи.
Витаминот Б12 исто така помага во производството на црвените крвни зрнца кои што го транспортираат кислородот низ телото. Добриот транспорт на кислородот низ телото е потребен особено при физичка активност.
Борба против болести
Неколку витамини помагаат во зајакнувањето на имуниот систем и во превенцијата на хроничните заболувања. Силниот имун систем е витален за борбата против инфекциите и за одржувањето на севкупното здравје. Витаминот Ц може да ги намали симптомите на настинка. Витаминот Е и витаминот А имаат антиоксидациони карактеристики кои што можат да го намалат холестеролот и да го намалат ризикот од срцеви заболувања.
Здрав развој
Доволниот внес на витамини помага за правилен раст и развој на телото. Особено критичен за развитокот на децата е витаминот Д. Недостатокот на витамон Д кај децата може да резултира со рахитис, состојба предизвикана поради слаби коски. Поради тоа што витаминот Д е потребен за правилно искористување на калциумот, неговиот недостаток кај возрасните лица може да го зголеми ризикот за остеопороза. Иако од остеопорозата страдаат и мажите и жените, жените се изложени на особено голем ризик
Витамините освен горенаведените функции, имаат и многу други. Најдобриот начин за да ги постигнете нутритивните вредности на витамини се состои во добро балансирана исхрана комбинирана со разноличност на овошјето и зеленчукот. Кај некои индивидуи, можат да помогнат и витаминските суплементи. Пред да земете било каков витамиснки суплемент, консултирајте се со Вашиот доктор за да се осигурате дека суплементот нема да реагира со евентуалните лекарства кои што ги земате.