петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Трогателна приказна: Татко ја пронајде својата ќерка по 24 години

Оваа приказна ја обедини Кина, каде што многумина го слават обединувањето на семејството со својата ќерка
Трогателна приказна: Татко ја пронајде својата ќерка по 24 години

Кинески брачен пар конечно ја пронајде својата ќерка која исчезна пред 24 години.

Ванг Мингќинг и неговата сопруга Лиу Денгуинг ја барале Ќифенг откако таа исчезнала на тригодишна возраст во 1994 година.

Заради потрагатa кон својата ќерка Мингќинг станал такси возач, надевајќи дека еден ден таа ќе влезе кај него како патник.

Ќерката стапила во контакт со семејството откако минатата година „налетала“ на пост на интернет за него. Кога конечно тие се обединија, тој ја прегрнал и и рекол „Тато те сака“.

Оваа приказна ја обедини Кина, каде што многумина го слават обединувањето на семејството со својата ќерка.

Брачниот пар продавале овошје на пазар во југозападниот град Ченгду. Откако таткото останал без ситни пари за да врати кусур, претрчал до соседнат тезга за да смени пари, но кога се вратил неговата ќерка ја немало, пишуваат кинеските медиуми.

Парот поминал години барајќи ја ќерката во градот и околината, оставајќи флаери во весниците, но се обиделе да ја најдат и преку интернет. Тие имаат уште една ќерка и еден син.

Во 2015. таткото почнал да работи како таксист со надеж дека неговата ќерка ќе влезе во таксито како патник.  Толку бил очаен што на задниот прозорец ставил знак со кој барал каква било информација за Ќифенг. Бидејќи немал слика од неа кога била бебе, користел слика од другата ќерка бидејќи двете премногу личеле една на друга кога биле на таа возраст.

Неговиот уникатен метод го привлече вниманието на кинеските медиуми.

Низ годините кинеската полиција идентификувала неколку жени кои би можеле да бидат Ќифенг, но ДНК резултатите покажале дека сепак не станува збор за неа.

Сепак, кон крајот на минатата година полициски скицист кој прочитал за нивната приказна и нацртал слика со можен изглед на Ќифенг, односно како таа би изгледала како возрасна. За кратко време сликата стан вирална.

Илјадници километри од родниот крај, на другата страна на Кина, жена по име Канг Ѕинг ја видела сликата и останала шокирана поради тоа што премногу личела на неа.

Таа била израсната од посвоители од соседниот град кој се наоѓал на само 20тина километри, пишуваат кинеските медиуми.

Родителите кои ја посвоиле и кажале дека таа била најдена на улица во Ченгду кога била мало дете.

Ќифенг го контактирала својот татко кон почетокот на годинава, по што се договориле да направат ДНК тест, а овој пат резултатите беа позивитивни, па Ванг Мингќинг конечно се обедини со својата ќерка.

-Моите напори од 24 години не беа залудни! Мојата ќерка е пронајдена – ви благодарам на сите, напиша таткото на социјалните мрежи во моментот кога дозна дека Ќифенг.