Еден средно печен компир со кора има 129 калории. Покрај тоа, има речиси една третина од потребниот дневен внес на калиум, минерал кој ја поддржува работата на нервите, мускулите и срцето. Компирите обезбедуваат и витамини од групата Б, витамин К, железо, магнезиум, цинк, бакар и манган, пишува Health.
Сите сорти на компири се здрави, особено кога се јадат со кора.
Ако ја барате вистинската храна која ќе ви помогне да издржите посилен тренинг, размислете да консумирате грст компири или мал средно печен компир околу 30 минути пред физичката активност.
Покрај скробот отпорен на маснотии кој се наоѓа во компирот, овој зеленчук има и други придобивки поврзани со контролата на тежината. Истражувањата покажуваат дека компирот може да ве држи сити подолго од другата храна која содржи скробни јаглехидрати, како што се тестенините или оризот.
Студијата објавена во списанието Clinical Nutrition во 2020 година го разгледа ефектот на компирот, во споредба со оризот, врз регулацијата на шеќерот во крвта после оброците и навечер кај луѓе со дијабетес тип 2. Компирите се варени или печени и разладени. Секој оброк имал 50 отсто јаглехидрати, 30 отсто масти и 20 отсто протеини.
Студијата не откри голема разлика помеѓу компирот и оризот или помеѓу начинот на кој се подготвува компирот. Истражувачите заклучија дека компирот е погоден за луѓе со дијабетес кога се јаде како дел од урамнотежен оброк и не се меша во регулирањето на нивото на гликоза во крвта, објави Health, пренесува Б92.