Франческа Викоф, жена од американската држава Аризона, неодамна на својот паркинг најде сцена која навистина ретко се гледа, за среќа.
Во текот на ноќта, некој и ги пресекол гумите на автомобилот. И како да не и бил доволен стрес, кога погледнала во тротоарот, видела дека исечен прст дека стои покрај гумите!
Според нејзината проценка, човекот кој и ги исекол гумите, веројатно, поради невнимание и нервоза, по патот го отсекол прстот. Според неа, тоа се докажува со трагата на крвта што доаѓа од автомобилот.
Франческа се сомнева дека сторителот е нејзин сосед, со кого се расправала ден пред овој инцидент, а трагата од крв оди во правец кон неговата куќа.