Босанскиот режисер Харис Дубица објави видеоснимка која го прикажува се она што Босна и Херцеговина ја прави посебна. Во краткото видео, опфатени се Бања Лука, Сараево, Мостар, Јајце… Во низа кратки снимки, можат да се видат и планините, но и крајбрежјето на БиХ.
„Гледав неколку вакви видеа што ги покажуваат убавините на другите земји. Па, добив желба да направам своја верзија за БиХ и судејќи според коментарите, успеав да направам нешто многу убаво”, прокоментира кусо Дубица за видеото.
Видеото е споделено неколку стотици пати и има над 115.000 прегледи од корисници на Инстаграм. (МИА)
View this post on Instagram