Научниците открија дека крвната група може да го предвиди ризикот од развој на смртоносна состојба.
Истражувачите од САД открија дека луѓето со крвна група А имаат поголем ризик од мозочен удар.
Исхемичен мозочен удар – најчеста форма на состојбата – се случува кога ќе се прекине снабдувањето со крв во дел од мозокот, при што се убиваат мозочните клетки. Истражувачите велат дека ризикот се зголемува ако имате крвна група А и имате над 60 години.
Луѓето со оваа крвна група имале 16 отсто поголем ризик од мозочен удар во споредба со оние со друга крвна група – АБ, Б или О.
Од друга страна, луѓето со најчеста крвна група, нула, имале 12 отсто помали шанси да доживеат мозочен удар од оние со други крвни групи.
И покрај тврдењата, истражувачите од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Мериленд велат дека луѓето со крвна група А не треба да се грижат за мозочен удар.
– Сè уште не знаеме зошто крвната група А би претставувала поголем ризик, но веројатно има врска со факторот на згрутчување на крвта – рече Стивен Китнер, професор по неврологија и автор на студијата.
Претходните истражувања покажаа дека луѓето со крвна група А имаат малку поголем ризик да развијат згрутчување на крвта во нозете. Професорот Китнер вели дека се потребни повеќе последователни студии за да се разјаснат механизмите зад зголемениот ризик од мозочен удар.
Друга студија покажа дека луѓето со крвна група АБ имаат поголема веројатност да се заразат со корона вирусот и да имаат фатален исход.