Непријатните мириси во обувките, особено по неколкучасовно носење, тешко се поднесуваат, но лесно ќе се ослободите од нив доколку примените некои од овие совети.
Истурете неколку лажички сода бикарбона во чевлите и распоредете ги по целата внатрешност. Оставете да делува преку ноќ или барем неколку часа, а потоа исчистете темелно. Сода бикарбона ги убива бактериите и габите и ја апсорбира влагата.
Ставете кесички чај во чевлите или патиките преку ноќ. Тие ќе ги апсорбираат влагата и мирисите.
Посипете масло од лаванда или некое друго есенцијално масло со интензивен мирис во чаша ориз и истурете го во чевлите. Оризот ќе ја апсорбира влагата, а есенцијалното масло ќе го неутрализира мирисот.