петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Важен совет за овој период од годината: Не смеете да се сончате ако ги користите овие лекови или препарати

Важен совет за овој период од годината: Не смеете да се сончате ако ги користите овие лекови или препарати

За жал поединечни медикаменти и уживањето во сончањето не одат заедно. Некои од лековите и помошните средства можат да предизвикаат тешки алергиски реакции по кожата, но и на самиот организам.

На пример, доколку користите одредени антибиотици, анти-бејби пилули или сте на терапија на коритиостероиди, а сте планирале летување, консултирајте се со својот лекар.

Парфеми, дезодоранси, пилинзи и други козметички препарати во комбинација со сончевите зраци, можат да предизвикаат бурна реакција на кожата, како што е осипи, облици на ситни меурчиња, пликови, лупење на кожата и силно чешање.