Анемијата е предизвикана поради недостиг на железо во крвта, витамин Б12 и фолна киселина. Болеста се јавува доста често, а најчесто ги напаѓа жените на возраст од 15 до 50 години.
Најчесто до слабокрвност доаѓа поради недостиг на железо. Железото е неопходно за изградба на хемоглобин, а поради недостиг на железо доаѓа до ослабување на апсорпцијата на други минерали и елементи во крвта, што може да доведе до поголема чувствителност на инфекции.
Слабокрвноста или анемијата може да се лекува со препарати кои се збогатени со железо.
Лекувањето на анемијата трае подолг период, дури и до шест месеци, а важно е да се напомене дека оваа болест не се лечи со витамински препарати со додаток на железо бидејќи тие не содржат доволна количина железо за лекување на болести.
Исто така, за време на лекувањето на анемијата, важно е да не се внесуваат преголеми количини железо во организмот.
Важна улога во лекување на слабокрвноста има исхраната, при што важно е да се внесува храна богата со железо, како грав, леќа, говедско месо, јајца, морски плодови, суви смокви, какао…
Употребата на намирници со доста витамин Ц ја поттикнува апсорпцијата на железо, така што добро е со оброкот да се испие чаша цеден портокал, или да се дополнува исхраната со витамин Ц (до два грама дневно).
Веќе споменавме дека најзагрозени се жените на возраст од 15 до 50 години, односно во време на репродуктивниот период.
На жените на таа возраст им е потребно 15 мг железо, на доилките 20 мг, а на трудниците дури 25 мг. За време на циклусот жената може да изгуби и до 13,5 мг железо на ден, а некои студии покажуваат дека секоја петта жена поради силни месечни циклуси има анемија.
Потребите за железо се зголемуваат и во текот на растот и развојот, и во адолесценцијата.
Железото се апсорбира во дванаесетпалачното црево и во почетниот дел на тенкото црево, па во посебна ризична група спаѓаат лицата кои имаат проблеми, или болест на желудникот и цревата.