среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Вдомиле слатко мече, а денес чуваат “ѕвер“ тежок 200 килограми (ВИДЕО)

Вдомиле слатко мече, а денес чуваат “ѕвер“ тежок 200 килограми (ВИДЕО)

Светлана и Јуриј Пантеленко од Русија вдомиле тримесечно мече, кое го нашле во шумата во многу тешка состојба, чија мајка веројатно ја убиле ловци.

На мечето му го дале името Степан, а сега необичниот домашен миленик тежи околу 200 килограми, со нив руча и седи на каучот, додека сите заедно гледаат телевизија.

Мечката денес има 26 години, а кога стане на задните нозе висок е 2,1 метар.

Степан дневно јаде 25 килограми риба, зеленчук и јајца, а со сопствениците често јаде на масата или заедно гледаат телевизија. Мечката дури и работи во градината, па на сопствениците им помага да ги наводнат цвеќињата.

Неговите сопственици велат дека Степан е многу поврзан, сака луѓе и воопшто не е агресивен.