четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Ве мачи главоболка? Решете ја за час – потребни ви се лук, мед и бибер!

Ве мачи главоболка? Решете ја за час – потребни ви се лук, мед и бибер!

Кога имате главоболка, испробајте го овој стар народен лек чии состојки се мед, лук и бибер.

Третманите со лук датираат од антички Египет и античка Грција, додека медот е познат по своите антисептички својства. Со комбинирање на овие две намирници, со додавање на зрна бибер, ќе добиете силен домашен лек кој нема да остави штетни ефекти врз вашето тело како лекови против болки.

Стар народен рецепт

Состојки:
– 10 чешниња лук
– 500 грама мед
– неколку зрна бибер

Постапка:

Излупете чешне лук, пресечете го на половина и ставете го во тегла, додадете бибер и мед. Затворете ја теглата и оставете ја да стои пет дена. Земете една кафена лажичка секој пат кога ќе почувствувате дека главата почнува да ве боли.

Можете исто така да го земате овој лек без оглед на болката – на пр. за зајакнување на имунитетот. Во тој случај, земете една лажичка наутро и една навечер на празен стомак. Исто така, овој препарат ги неутрализира бактериите во организмот, го стимулира и олеснува варењето, го регулира нивото на шеќер во крвта и крвниот притисок.