недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Ве нервираат вообичаени звуци како џвакање на храна или отчукување на часовник? Проверете дали патите од МИЗОФОНИЈА

Ве нервираат вообичаени звуци како џвакање на храна или отчукување на часовник? Проверете дали патите од МИЗОФОНИЈА

Доколку сте забележале дека често ве нервираат звуците на ‘рчење, кашлање, отчукување на часовникот и слично, постои можност да имате мизофонија. Во Велика Британија беше спроведена студија, чии резултати покажаа дека секое петто дете е погодено од неа.

Според експертите од Клиниката во Кливленд, мизофинијата се дефинира како „состојба што предизвикува силни емоции и реакции на одредени активирачки звуци“.

„Мизофонијата е повеќе од тоа да ве нервира некој звук. Мизофонијата може да предизвика чувство на беспомошност и заробеност кога луѓето не можат да побегнат од непријатен звук“, објасни авторката на спроведената студија д-р Џејн Грегори од Катедрата за експериментална психологија на Универзитетот во Оксфорд.

Вообичаени звуци кои можат да ја предизвикаат оваа состојба:

– шушкање/џвакање храна, свиткување, отчукување на часовникот, тешко дишење, тапкање, звуци на капење на вода, шушкање на хартија, пластика и тапкање со молив

Кај луѓето кои страдаат од мизофонија, овие и слични звуци обично предизвикуваат чувства како лутина, анксиозност, паника, па дури и забрзано чукање на срцето.

Не е познато што може да предизвика мизофонија, но експертите сметаат дека тоа е комбинација од неколку фактори – генетика, структура на мозокот, семејна историја итн.

„Потребни се повеќе истражувања за да се разбере што предизвикува мизофонија и како можеме да им помогнеме на оние луѓе чии симптоми се мешаат во нивниот секојдневен живот“, велат лекарите.