четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

ВЕЧЕРВА ЗАДОЛЖИТЕЛНО СТАВЕТЕ ГО ОВА ПОД ПЕРНИЦА И ЌЕ СЕ СЛУЧИ ЧУДО: Следното утро ќе дознаете каква судбина ве очекува!

ВЕЧЕРВА ЗАДОЛЖИТЕЛНО СТАВЕТЕ ГО ОВА ПОД ПЕРНИЦА И ЌЕ СЕ СЛУЧИ ЧУДО: Следното утро ќе дознаете каква судбина ве очекува!

Велики петок се смета за најтажниот ден на христијанството и со него се поврзуваат голем број обичаи и верувања.

Денес, Црквата се сеќава на настаните кои веднаш му претходеле на Христовото распнување – од моментот кога Исус бил изведен пред судот на Понтиј Пилат, до моментот кога бил симнат од крстот и положен во гроб кој го чувале војници за да спречат некој да го украде тело.

Денеска постиме строго, не пееме, не се радуваме, а до Велигден, неделата кога Исус воскресна, црковните ѕвона не бијат бидејќи симболизираат радост, туку верниците се канат во храмот со дрвен џагор.

На Велики петок, плаштеницата се става во храмовите на специјално украсена маса што го симболизира Христовиот гроб, пред олтарот. Во некои делови е обичај верниците по бакнувањето на плаштеницата да ползат под масата на која е поставена плаштеницата. Според народното верување, доколку во тој момент се молат на Бога и помислат на некоја убава желба, таа сигурно ќе им се оствари.

Не фаќајте игли и клинци денес… старите велат, не е добро! Овој ден се нарекува и „Распнат петок“, па се верува дека денес не треба да допирате остри предмети за да не ги „повредувате Исусовите рани“. Затоа денес не работат чевларите и кројачите.

Исто така, се верува дека девојките кои на овој ден ќе берат цвеќе од црковната капија и ќе го стават под перница ноќта спроти Велика Сабота, ќе го сонуваат тој што им е суден.