Небото синоќа беше сцена на која се одигра средба што се немаше случено речиси 400 години.
Планетите Јупитер и Сатурн беа во позиција најблиску една до друга. Порамнувањето на траекторите на овие две планети е многу ретко, а планетите изгледаа многу блиску една до друга.
Ваквата глетка последен пат била видена од Земјата на ноќното небо во 1623. Сепак, временските услови за набљудување на феноменот биле подобри претходниот пат, на 4 март, 1226 година.