Манекенка се разболела од тумор на мозокот, но најголемо разочарување и било кога вереникот ја оставил на само една недела пред планираната венчавка.
Британката Емили Николсон (24) , која поради болеста и стероидите се здебелила 30 килограми, преживеала тешка траума. Таа се преселила во 2012 во Австралија поради кариерата како манекенка, која и била во подем. Но , во 2016 и бил дијагностициран тумор на мозокот.
И покрај болеста Емили и нејзиното тогашно момче Џејми Смит (24) , планирале свадба. Докторите и предвиделе дека ќе живее уште само пет години.
На само една недела пред свадбата, Џејми ја оставил Емили и тоа преку месинџер на Фејсбук. Поради терапијата,таа се здебелила 30 килограми.
Џејми во пораката напишал дека не ја сака, поради нејзиниот сегашен изглед.
Џејми, кој работи како поставувач на кабли, за австралиските медиуми ги отфрла обвинувањата дека ја оставил болната девојка на една недела пред венчавката.