вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Верувате во митови и далеку сте од идеалната тежина: Дознајте кои верувања не се вистина

Верувате во митови и далеку сте од идеалната тежина: Дознајте кои верувања не се вистина

Многумина се обидуваат да ја постигнат својата идеална тежина со интензивно одење во теретана, преку најразлични диети или пак откажување од некои свои слатки задоволства. Но, без разлика што и да направат сепак не се задоволни со својот изглед. Идеалната тежина што ја посакуваат никако да се покаже на вагата за мерење.

Постојат многу митови за идеална тежина, еве неколку најчести:

Повеќето луѓе мислат дека за нив идеалната тежина е онаа кога завршиле факултет или пред да основаат семејство. Ако сакате да се вратите на тежината што сте ја имале пред десет или повеќе години, тоа е тешко или многу тешко да се направи, а не значи и дека е исто толку и корисно. Колку повеќе луѓето стареат, толку повеќе добиваат во килограмите. Тоа е затоа што со годините вашиот метаболизам забавува.

Некои пак веруваат дека постои шема за идеална тежина во зависност од височината. Сепак треба да се знае дека повеќе фактори влијаат на утврдувањето на соодветната тежина. Бројките на табелата што ја покажуваат телесната маса се само приближни вредности и не може да бидат веродостојни индикатори, посебно не кога се мисли на здравјето на организмот.

Идеалната тежина не е ниту таа што сте успеале да ја намалите по првото родено дете. Тоа што сте го постигнале со диетата значи дека сте изгубиле дел од вашето тело кое не значи дека никогаш не може да се врати назад. Ако си поставите цел, која е тешко да се постигне, ќе бидете во еден маѓепсан круг на редуцирана исхрана или дебелеење. Честото губење на тежината и враќањето назад доведува до промена на телесниот состав, подоцна ова резултира со губење на мускулната маса. Од овде произлегува опасноста да дојде до забавување на метаболизмот и способноста на телото да го регулира шеќерот во крвта.

Луѓето најчесто веруваат дека се поздрави ако се послаби. Ова не е секогаш вистина. Научните истражувања покажаа дека за намалувањето на ризикот од срцеви заболувања, мозочениот удар, дијабетесот и некои видови на рак доволно е да се изгуби само пет проценти од телесната тежина.