Многу луѓе едвај го чекаат летото за да можат да ги ослободат стапалата од тесните чевли како што се патиките. Сепак, набрзо се каат кога стапалата им отекуваат во сандали и папучи.
Еве зошто тоа се случува
Одговорот лежи во премалиот внес на течности. Топлината предизвикува проширување на крвните садови, што доведува до отекување на течноста.
Неколку начини за решавање на проблемот со отечени стапала:
– Пијте многу вода
– Шетајте
– Одвреме-навреме истегнете ги нозете, особено стапалата
– Се препорачува и масажа на стапала со лосион
Концентрацијата на сол во телото се зголемува поради дехидратација, што го принудува телото да ја задржи онаа малку вода што му ја давате.