Во однос на тоа дека просечна личност поминува третина од својот живот во кревет, јасно е дека хигиенското опкружување е многу важно.
Според едно истражување во Британија, откриено е дека 36 отсто од луѓето ја менуваат својата постелнина на секои две до три недели, додека 14 отсто уште поретко.
Главна причина зошто е важно редовно да се менува постелнината е ризикот од болести, бидејќи бактериите можат едноставно да се прошират во нечиста постелнина.
„Ако постелнината не се пере, паразитите лесно можат да останат во неа“, рекол Филип Тиерно, микробиолог од Универзитет во Њујорк.
Тој вели дека постелнината би требало да се менува најмалку еднаш неделно, затоа што за седум дена може да се развие микробиолошки живот.
Се препорачува постелнината да се пере на 60 и 90 степени Целзиусови.