сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

ВИДЕО: Идеална пролетна фризура, потребна ви е само марама за да имате романтичен изглед

ВИДЕО: Идеална пролетна фризура, потребна ви е само марама за да имате романтичен изглед

Изберете свилена марама и внимателно вплетете ја во плетенката.

Со пролетта најчесто ни доаѓаат разни креативни идеи, а овој пат наидовме на една поврзана со фризури.

Добро е познато дека косата не мора едноставно да се пушта или да се врзува, туку од неа можете да направите најразлични „уметнички дела“.

Сепак, за повеќето девојки времето е исто така од суштинско значење, па затоа сакаат кога брзината на правење и убавината на изгледот ќе се спојат.

Токму таков е случајот и со оваа плетенка која само еден додаток го разубави целиот изглед, а тоа е марамата.