Научниците ги објавија првите воздушни снимки на џиновска санта мраз што се отцепи од ледениот гребен на Антарктикот во јануари. Сантата мраз А81 со големина на Лондон, се отцепи од Брунт Риџ
-Сантите лед со оваа големина ќе имаат големо влијание врз океанските екосистеми, кои содржат богатство од различни морски животни. Овие влијанија можат да бидат и позитивни и негативни, објасни екологистот Герајнт Тарлинг, како што објави Science Alert.
Фтографијата направена од воздух од Британското Антарктичко истражување (БАС) покажува колку навистина е масивен овој леден блок, кој, дури и кога се гледа од високо во воздухот, изгледа како бескрајна замрзната плоча.
Поради одвојувањето на сантата мраз, БАС мораше да ја премести целата истражувачка станица. Затоа, во 2016 година, кога сателитските податоци покажаа дека пукнатината се шири, БАС ја дислоцираше истражувачката станица Хали за 23 километри.
Истражувачите остануваат на станицата во текот на летото на Антарктикот. Според БАС, ледениот гребен е една од најтесно набљудуваните ледени плочи на земјата.
А81 сега плови на околу 150 километри од местото каде што некогаш се приклучил на поларниот континент.
-Како што се топи ледениот брег, ќе ослободи многу хранливи материи кои би можеле да бидат во основата на океанските синџири на исхрана за да го фаворизираат и да влијаат на растот на микроскопските растенија како што е фитопланктонот, рече Тарлинг од BAS.