Осум акробати од познато циркуско семејство ја направија првата пирамида на трапез, но потоа настана вистински хаос, кој за среќа заврши без посериозни последици по акробатите.
Оваа акробатска несреќа се случила во февруари во 2015 година во американскиот град Сарасота на Флорида, но дури денес ја виде јавноста, кога канцеларијата на шерифот на округот одлучила да ја објави.
Во видеото може да се види како осум членови од семејството Валенда, познати по ризичните циркуски точки, откако ќе направат пирамида на трапез паѓаат од височина од 7 метри директно на земја.
За среќа при падот ниту еден од акробатите од семејството Валенда не добил сериозна повреда.