петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

ВИДЕО: Сите ја сакале јахтата на рускиот олигарх вредна 100 милиони долари, но никој не можел да ја има – откриени детали за „мистеријата“

ВИДЕО: Сите ја сакале јахтата на рускиот олигарх вредна 100 милиони долари, но никој не можел да ја има – откриени детали за „мистеријата“

Државата Антигва и Барбуда официјално минатата седмица ја заплениле јахтата „Alfa Nero“ која повеќе од една година била закотвена на пристаништето Фалмут на јужниот дел од островот.

Долго не се знаело кој е вистинскиот сопственик на јахтата. Според законите на оваа држава, на реалниот сопственик на 21 март му бил даден рок од десет дена да го покаже имотниот лист и да го отстрани бродот од територијата на Антигва и Барбуда.

Поради тоа што тоа не се случило, јахтата ќе биде дадена на аукција.

За неа веќе една година постои големо интересирање, но никој не можел да ја купи ниту изнајми. Како што пренесуваат локалните медиуми, имало понуди од Бугарија, Монако, Австралијка, Франција, Нов Зеланд, Алжир, Саудиска Арабија…

Откриено е дека јахтата која е проценета на 100 милиони долари му припаѓа на рускиот олигарх Андреј Григориевич Гурјев и неговата ќерка Јулија Гурјева Мотлохова.

Гурјев е под санкции на Америка по почетокот на војната во Украина. Се проценува дека е „тежок“ неколку милијарди долари кои ги стекнал како сопственик на фирма за производство на ѓубриво.

Гурјев е познат како еден од главните финансиери во разни спортови и клубови во Русија. Бил еден од челниците на Шаховскиот сојуз на Русија, а цел живот го посветил на шахот.

Многу години неговата компанија била и спонзор на меѓународните шаховски организации, па дури и добил златен медал во знак на благодарност на промоцијата и спонзорирањето на шахот како спортист.