среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

„Вијаграта“ ја намалува опасноста од смрт кај мажите

„Вијаграта“ ја намалува опасноста од смрт кај мажите

Мажите кои земаат „Вијагра“ против еректилна дисфункција, се чини, имаат помала опасност од рана смрт, покажува ново истражување.

Финансирано од фармацевтската компанија „Санофи“, испитувањата ги разгледуваа 14-годишните медицински досиеја на повеќе од 23.000 Американци на кои им е препишан инхибитор на фосфодиестераза тип 5 („ПДЕ-5и“) – лекот попознат како „Вијагра“. Анализата ги споредила тие податоци со оние на 48.000 мажи кои не земале апчиња.

Откриено е дека мажите од првата група имале 39 отсто помали шанси да починат од кардиоваскуларни болести отколку оние од втората група. Првите, исто така, имале 25 отсто помала можност да починат од која било причина и 13 отсто помали шанси да добијат срцев или мозочен удар.

„’ПДЕ-5и’ не само што се безбедни, туку може да имаат важни својства за заштита на срцето. Овие наоди укажуваат на итна потреба да се спроведе соодветно моќно, проспективно и по случаен избор, плацебо-контролирано испитување“, велат истражувачите.

„Вијаграта“ се покажа како делотворна во третманот на пулмонална артериска хипертензија и беше одобрена од ФДА за оваа индикација во 2005 година под трговското име „Реватио“. Кај луѓето со оваа болест, артериите меѓу срцето и белите дробови се блокираат, што го зголемува крвниот притисок и особено ја оптоварува десната страна на срцето.