петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Живот и стил

Вирусот херпес напаѓа кога сме најслаби, избегнувајте стрес и чувајте си го здравјето

Вирусот херпес напаѓа кога сме најслаби, избегнувајте стрес и чувајте си го здравјето

Постојат две врсти на херпес – херпес симплекс и херпес зостер, а во организмот навлекуваат кога ни е опаднат имунитетот.

Почест е херпесот симплекс. Се враќа секој пат кога сме под претеран стрес, после некои бактериски инфекции или долги вирусни респираторни инфекции.

Инаку, херпесот симплекс е заразна инфективна болест која се карактеризира со локално избувнување на мали, болни меурчиња исполнети со бистра течност. Озбилни компликации можат да се јават кај новороденчиња, како и кај лица со сида или лица на кои имунитетот им е опаднат поради други пореметувања или лекови.

Почесто се јавуваат кај луѓе кои се на хемотерапија и оние кои боледуваат од автоимуни болести или примаат имуносупресивна терапија како кај ревматолошки артритис.

Херпесот зостер се јавува кај луѓе кои во детството прележале сипаници или варичела, а најчесто кај лица над 35 години.

И едниот и другиот херпес се лечат со маст и креми против вируси, како и со внесување на Б комплес витамини  други додатоци кои го подигнуваат имунитетот.

Битно е да се знае, дека околу нас се наоѓаат милијарди вируси и бактерии кои најчесто не влегуваат во нашиот организам се додека ние не им ја “отвориме вратата”. А вратата им ја отвараме тогаш кога се исцрпуваме, не се храниме квалитетно и на време, кога неактивно се лечиме од болести и го разладуваме телото кога треба да го затоплиме.

Најдобра превентива од херпес е да се чуваме и да ја зголемиме отпорноста и снагата на организмот.