Кога го дешифрирате сонот, неговото постојано повторување може да ви послужи како показател кој говори за тоа до каде сте сигнале во решавање на вашите проблеми и каде сте заглавиле.
Ако сонуваме сонови кои постојано ни се повторуваат, нашата потсвест не тера да забележиме некој голем проблем, кој лесно можете да го дешифрирате. Од несвесното не може да се создаде ниту еден сон, ако не постои проблем со кој се соочува тој што сонува. Кошмарите често упатуваат на некое трауматично искуство или ситуација со која тешко се носи личноста која ги сонува тие соништа. Експертите советуваат да запишувате се што сонувате, работите кои ве случуваат во тој момент, како се чувствувате и што сте доживеале. Можеби нема да го најдете одговорот во истиот момент, но со текот на времето секако ќе дојде до решение.
Кај повеќето луѓе, темелот на проблемот со повторувањето на соништата лежи во тоа што тие не се сакаат себеси онолку колку што би требало или се држат за идеалната слика за себе. Тоа што се повторува укажува на тоа дека потсвеста праќа нежни или многу брутални слики, односно насоки како да го препознаете проблемот. Најважно е да ја прифатите помошта од потсвеста и да се соочите со проблемот.
Ако сонувате дека сте голи – размислете за вашите одлуки
Ако во сонот се појавувате голи или неприкладно облечени, тоа зборува за стравот од животните искушенија за кои не сте подготвените. Експертите советуваат дека откако ќе го сонувате тој сон треба да размислите за одлуките и стравот од посрамотување.
Смрт значи промена на личноста
Доколку често сонувате смрт на некоја сакана личност, тоа обично е знак дека е време да „умре“ некој дел од вашата личност. Само треба да се прилагодите на моменталната животна фаза.
Телефонската врска која не работи е знак за проблеми
Ако во соното не можете да воспоставите телефонска врска или да зборувате со некого, тоа укажува на проблем во комуникацијата со другите. Обидете се да размислите со кого не сте во добри односи и отворено разговарајте за тоа.
Ако не можете да закочите, значи се е надвор од контрола
Ако често сонувате дека имате проблеми со превозот или дека не можете да закочите, тоа значи дека веројатно во некое поле од вашиот живот работите ви излегле од контрола.
Здравје и пропусти
Доколку често сонувате дека ви се расипал некој уред, автомобил или брод, обрнете внимание на вашето здравје. Сонот може да предупредува и на конкретни пропусти во животот. Размислетете кога ги сонувате овие соништа и откријте ја нивната порака.
Дневник и чаша вода за сеќавање
По будењето, не треба да ја менувате положбата на телото за да можете да се сетите на сонот кој крие важна порака. Клуч на разбирањето на сонот се крие во која било боја, чувство и навидум неважен детал, а соништата ги инспириралее најголемите уметнички дела како што е „Божествената комедија“ на Данте и Стивенсоновиот роман „Доктор Џекил и господин Хајд“.
За да го сфатите сонот, прво треба да се сетите што сте сонувале, а понекогаш тоа е проблем. Затоа експертите советуваат да водите дневник во кој ќе ги запишувате своите соништа и ќе се потрудите што е можно подетално да го опишете сонот.
Намерата да се сетите на сонот се зајакнува со тоа што ќе застанете пред огледало и ќе речете: Дали сум подготвен/а да ги прифатам пораките на своето внатрешно Јас“, а пред сонот речете: „Ќе се сетам на се она што сонував“. Откако ќе се разбудите, немојте да ја менувате положбата на телото, затоа што свеста тогаш се префрла од несвесност во свесност.
Отворете се кон пораките кои ви ги праќа потсвеста
Пред сонот можете и да си кажете самите на себе:„ Свесен/а сум за пораките кои ми ги испраќа потсвеста“ и полесно ќе ги запаметувате соништата.