петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Во Хрватска пронајден скелет на дете од пред 6.500 години

Во Хрватска пронајден скелет на дете од пред 6.500 години

Архолозите од Музејот на градот Винковци во Хрватска, на археолошкото наоѓалиште Заблаќе пронајдоа праисториски останки на дете на возраст од три до шест години, кое починало пред приближно 6.500 до 7.000 години, во времето на младото камено доба и Сопотската култура.

„Иако на подрачјето на Винковци и винковичкиот крај имаме повеќе од 50 населби од Сопотската култура, од коишто некои се поголеми од 30 хектари, ова е само петто потврдено тело од тој период“, соопшти градскиот Музеј.

При археолошки истражувања во 2014 година биле пронајдени три скелети на истото место. Станува збор за наоѓалиштето каде што тогаш првпат се документирани остатоците од Сопотската култура, а сега се работи на истражување на јужниот раб на праисториската населба.