Со убавото време доаѓаат и недвосмислени проблеми. Како да се разладите, а да не ве напаѓаат бубачки, инсекти, мравки?
Ако вашиот дом стане мета на мравките треба да знаете како да се ослободите. Штом нема храна, ги нема и нив.
Некои намирници во кујната можат да бидат одличен сојузник во борбата со мравките.
Сол
Ако на патот на мравките истурите сол, тие многу брзо ќе се најадат сол која е фатална за нивниот дигестивен систем.
Сода и шеќер
Помешајте сода бикарбона и шеќер во прав во еднаков сразмер и истурете го на местото на кое мравките се собираат.
Лимун
Бидејќи мравките не ја поднесуваат лимунската киселина, сок од лимун испрскајте на местата каде што ги има најмногу.