Кога еднаш ќе дознаете зошто ставањето на аспирин во Вашата машина за перење алишта е препорачливо, ќе останете навистина изненадени.
Овој совет ќе Ви помогне околу перењето на бели алишта, а ќе воочите дека оваа таблета може да се натпреварува со индустриските средства за отстранување на флеки и белеење.
Наполнете сад со 3 литри врела вода и растворете 5-6 таблети аспирин. Најдобриот начин е да ги здробите за да се растворат побрзо. Ставете ја белата облека во водата и оставете да седи потопена во вода цела ноќ.
Другиот ден, ставете ја облеката во машина за перење алишта заедно со неколку таблети аспирин за да добиете оригинална бела боја.
Доколку ги следите овие чекори, резултатите ќе Ве воодушеват.
Ќе воочите дека овој трик е поефектен од комерцијалните средства за отстранување на флеки или за белеење, бидејќи на овој начин нема да ја оштетите облеката.