Во Мелбурн е отворен супермаркет каде може да набавите храна која инаку би се фрлила. Сите намирници се бесплатни и ги донираат оние кои не сакаат да ја фрлаат храната, а на страна пишува „Плати онолку колку што мислиш дека треба“.
Овој бесплатен супермаркет е отворен како еден од можните решенија за да се реши проблемот со фрлање на храната во Австралија.
Соптвениците се надеваат дека нивната идеја ќе послужи како пример и за другите држави во светот.