Колку и да е квалитетна, црната гардероба со текот на времето има тенденција да избледува, поради што треба посебно да внимавате на нејзиното одржување.
Меѓутоа, доколку забележите дека ја изгубила првобитната боја, односно избледела, можете да искористите еден трик кој ги воодушевил домаќинките.
Се што ви треба е црн пипер. Кога ќе ги ставите алиштата во барабанот, додадете една кафена лажичка црн пипер во прав (околу 5 грама).
Машината пуштете ја да пере на 40 или максимум 60 степени, а кога ќе ги извадите парчињата облека, ќе бидете воодушевени.