понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Вратете си ја самодовербата, заслужувате да се чувствувате убаво

Вратете си ја самодовербата, заслужувате да се чувствувате убаво

Сите ние доаѓаме во фаза кога нашата самодоверба опаѓа.

Ако сте во моментов во оваа фаза, погледнете ги првите пет совети за тоа како да изгледате самоуверени, а со самото тоа и да се чувствувате убаво.

1. Исправете се! Ќе се чувствувате 5 килограми полесни. Исправете се како некој да ве влече со јажето нагоре. А како резултат ќе се чувствувате посигурни. Попуните луѓе со исправено држење делуваат многу повеќе атрактивни.

2. Жените над 60 години се посигурни во својот изглед. Колку повеќе животно искуство добивате, толку повеќе ќе се чувствувате независни од мислењата на другите. Кога некој повозрасен Ви е интересен, што е причината? Неговото згодно тело или неговата затегната кожа не може да биде причината. Значи, Вие всушност му се восхитувате на неговата харизма. И токму харизмата Ве прави убави во било која возраст.

3. Дали Ви се расипало расположението во соблекувална? Отидете на кафе, напите се капучино и подигнете го лицето кон сонцето. Јадете со уживање, слушајте песна која ќе ви даде сила. Уживајте во купката, масажите и мирисите.

4. Сторете нешто што не сте го направиле досега. Тоа ја зголемува самодовербата. Отидете сами во кафич, искачете се на планина, научете странски јазик. Поставете си цели кои може да ги постигнете. Ќе бидете горди на себе!

5. Жените го проценуваат своето тело според тоа како изгледаат а мажите според тоа како функционираат. Таа особина треба да ја присвоиме од нив. Тестирајте го вашето тело додека сте на излет со велосипед или додека танцувате цела ноќ. Или тренирајте нешто што ја потикнува и концентрацијата, како што се јога или пилатес.

6. Впијте ги комплименти што ги добивате од други. А некогаш дадете си и сами на себе убав комплимент.