вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Време е да си засадите велигденска трева: Постапката е лесна, а резултатот прекрасен

Време е да си засадите велигденска трева: Постапката е лесна, а резултатот прекрасен

Една рака пченица, малку земја и декоративна саксија и имате сè за убаво декоративно жито кое ќе биде бујно до Велигден

Ако сакате да имате убаво велигденско жито, односно бујна зелена трева, деновиве треба да се зафатите со садење на пченица. Првите денови од велигденските пости е вистинското време таа да се засади ако сакаме да имаме богата декорација на велигденските празници.

Се разбира, дека можете и да ја купите готова во цвеќарниците, но задоволството е големо ако самите ја одгледате, особено што таа не бара голем напор и особено внимание.

Купете малку пченица, буквално една рака, килограм хумусна земја и една саксија која планирате да ви биде централен украс на масата. Најдобро е да биде не многу длабока, но секако поширока.

Во плитката саксија ставете малку земја, па на неа наредете ја пченицата која преку ноќ треба да биде потопена во вода.  Одозгора покријте со уште малку земја.  Секојдневно со спреј намокрувајте со вода која е на собна температура.

Внимавајте додека ја садите да не ставате зрна пченица покрај рабовите на садот зошто на пченицата и треба простор за да изрти. Нека биде празен простор од околу 1 сантиметар. Наводнувајте ја умерено. Најдобро е еднаш  до два пати дневно да се прска со вода.

Ако сакате во средина на садот може да се остави простор во кој подоцна ќе ставите свеќа. Земете плитка чинија и во средина ставете помала чаша. Ставете ги зрната пченица околу чашата до работ на чинијата. До крајот на април ќе имате прекрасно декоративно жито кое ќе го украсите со разнобојни јајца.