На вашето тело му е потребна детоксикација.
Овие пет совети ќе ви помогнат како да го направите првиот чекор и да направите детоксикација на организмот.
Започнете го денот со вода и лимон
Секој ден пред појадокот испијте чаша топла вода во која ќе исцедите малку лимон. Пектинот којшто се содржи во лимонот помага во варењето и е одличен за детоксикација на организмот.
Појадок
Не треба да јадете леб и житарки за појадок. Наместо тоа, фокусирајте се да внесувате протеини кои ќе ви овозможат да бидете сити.
Внимавајте на исхраната
Испланирајте 3 оброци и барем една ужинка. Јадете многу зеленчук, риба, пилешко. Внесувајте јаткасти плодови, семе или маслинки, авокадо или кокос. Со помош на овие намирници ќе го исфрлите вишокот на натриум и шеќер од телото.
Пијте чај
Испијте шолја чај по ручек. Правилната хидратација е поврзана со сè, од подобрување на метаболизмот до здравјето на кожата.
Се препорачува да пиете зелен чај.
Движете се
Иако не работат теретаните, може да вежбате дома или да практикувате пешачење во природа.