четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

За љубителите на миленичиња: Овие имиња за кучиња носат среќа

За љубителите на миленичиња: Овие имиња за кучиња носат среќа

Во многу култури среќата се поврзува со името и се доживува премногу сериозно. Имињата кои се одредуваат за луѓето и за бизнис компаниите се избираат така што вклучуваат позитивни поими и зборови, а пред да се изберат, дури се прават и одредени нумеролошки анализи. Исто така постојат и имиња на кучиња за кои се смета дека носат среќа.

Погледнете за кои имиња се верува дека се такви, па инспирирајте се да употребите некое од нив за вашиот следен миленик.

Луна

Ова име значи месечина, па така и римската божица на месечината го носи името Луна. Доколку сакате вашиот миленик да го наградите со среќно и убаво име, со Луна нема да погрешите.

Скај

Во превод значи небо (на англиски Sky), но и носител на вода, што прави ова име да биде многу моќно, затоа што водата е неопходна за целиот жив свет. Ова име е универзално и можете да му го дадете на вашиот миленик без разлика дали е машко или женско.

Фреди

Ова е вистинско име за слатко и разиграно куче. Фреди се поврзува со мирен владетел, што значи дека на своето семејство ќе му донесе среќа и благосостојба.

Коко

Ова име прво почнале да го користат Французите и Шпанците. Се смета за среќно затоа што во едно долгогодишно истражување било откриено дека кучињата со име Коко биле меѓу најсреќните, односно најмалку биле погодени од различни повреди и болести.

Мини

Името како да е создадено за мало женско куче. Како и името Коко, така и за ова име истражувањата покажале дека носи голема среќа.

Пени

Ова прекрасно и елегантно име е создадено за вашето слатко женско куче. Името се однесува на паричната единица што се користи во Велика Британија, односно значи паричка, па се верува дека семејството кое на своето куче ќе му го даде името Пени, ќе може да ужива во материјална сигурност. А материјалната сигурност значи и добра заштита за домашните миленици.

Астра

Ова е силно име што значи ѕвезда, па така асоцира на сѐ што е возвишено и необјасниво.

Феликс

Ова име често им се дава на мачките, но не е ретко ниту меѓу кучињата. Тоа не е воопшто чудно со оглед на тоа дека ова име значи среќа и успех.

Шива

Ова има најчесто им се дава на женските кучиња, но добро им прилега и на машките. Шива значи среќен, па се верува дека кучињата кои го носат ова име носат голема среќа и исполнет живот.

Лаки

Ова а еднакво популарно име и за машките и за женските кучиња. Лаки значи среќен (од англискиот збор Lucky), па кучето кое ќе го краси ова име, ќе биде голем среќник.